Франција: Уште една здодевна победа на Хамилтон

Во здодевно Француско Гранд При, Луис Хамилтон водеше од почеток до крај и стигна до својата 79та победа и нов 1-2 триумф за тимот на Мерцедес. Најбрзиот круг му припадна на Себастијан Фетел кој заврши на 5то место, а да не беше повлечен роман Гросжан во 47от круг за да се зачува арегатот, трката ќе ја завршеа сите возачи.

Пред Големата награда на Франција само двајца возачи сезонава имаа победено од пол позиција на одржаните 7 трки, но Хамилтон го подобри тој процент на 3 победи од 8 трки за најбрзите во Сабота.

Од првите 10 возачи само Антонио Џовинаци и Пјер Гасли ја почнаа трката со софт компонентата, италијанецот влезе во бокс по само 8 кругови, додека домашниот возач по 18 кругови и ниту еден од нив не дојде до поени иако стигнаа до К3 вчера.

Стартот не донесе никаква возбуда освен напуштањето на патеката и стекнување на предност при враќањето од страна на Серхио Перез, нешто што по 10-тина кругови стјуардите го окарактеризираа со казна од 5 секунди.

Себастијан Фетел беше оној кој требаше да “се врати во игра“ на почетокот и во 5от круг го мина Ландо Норис под ДРС превземајќи го неговото 6то место, а по два кругови го мина и неговиот колега Карлос Саинз за 5то место.

Во меѓувреме, односно во 6от круг, Кими Раиконен стигна до својот колега Антонио Џовинаци, го мина за 10то место и не излезе од поени до крајот на трката.

Рикардо и Гасли имаа битка на патеката од 15от круг до 19от круг при што двајцата влегоа по нови гуми, французинот го зачува водството, но додека ги загрее своите гуми на патеката беше минат од Рено.

Ландо Норис и Карлос Саинз влегоа од 6то и 7мо место во бокс во 19от и 20от круг и не го променија распоредокт кога се вратија на патеката. Макс Верстапен влезе по нив, а Себастијан Фетел остана на патеката уште 5 кругови во надеж дека така ќе го мине холанѓанецот, но не успеа. Во меѓувреме променија и топ 3 возачите, но поредокот не се промени.

По огромна серија од 40 кругови и Ландо Норис влезе и своите хард ги замени со медиум гуми и тоа додека беше во здрави поени на 6то место. Овој пак не му се исплатеше стратегијата од претодната трка и се приклучи на патеката на 13то место, не освојувајќи поени.

Во кругот број 47 повлечен беше Роман Гросжан за да се заува неговиот мотор. Како и да е, тимот на Хаас иаше очајно лоша и неконкурентна трка и беа престигнувани од сите освен Вилијамс.

Кругот број 50 донесе Вирутелно безбедносно возило на 10-тина секунди за да се отстрани еден конус кој излета на патеката, но трката веднаш продолжи.

На два круга пред крај по нови гуми влезе Себастијан Фетел затоа што имаше повеќе од минута пред Карлос Саинз. Го нападна најбрзиот круг и на крајот стигна до тој дополнителен поен.

На неколку кругови пред крајот се водеше битка за 7то место откако неколку кругови претходно на Ландо Норис му беше дојавено дека има проблеми со болидот. Даниел Рикардо го бркаше британецот неколку кругови, а хна правецот Мистрал успеа да мине, а по него истото го стори и Кими Раиконен и Нико Хулкенберг.

Нова 1-2 победа за Мерцедес, а Шарл Леклер втора трка по ред почнува и завршува на трето место. Макс Верстапен повторно пред едно Ферари на 4то место, а зад него германецот Фетел. Карлос Саинз најдобар од останатите, пред Даниел Рикардо од Рено и финецот Кими Раиконен со Алфа Ромео. Два поени на крајот аз вториот возач на Рено, нико Хулкенберг и поен за херојот и Возачот на денот, Ландо Норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ