Француски Le Parisien тврди дека Шумахер тајно се лекува во Париз

Францускиот дневен весник Le Parisien во своето денешно издание пишува дека седумкраниот Формула 1 првак, Михаел Шумахер, добива медицински третман во Париз од реномиран кардио хирург чија специјалност се матични клетки.

Во својот ексклузивен извештај со информации од неименуван извор, Le Parisien тврди дека Шуми пристигнал во Georges-Pompidou European Hospital во Понеделник попладне, а во истата болница бил и претходно. На чело на медицинскиот тим задолжен за Михаел бил професорот Филип Менаше.

Легендарниот германски возач е во кома од 2013 година по повреди на главата здобиени при една скијачка несреќа на француските Алпи. Неговата состојба одтогаш се чува во најголема тајност од страна на семејството.

Весникот дополни и дека долгогодишниот медицински советник и пријател на Шумахерови, професор Жерард Саилан е присутен во болницата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ