Ф1 би почнала да ги користи прототип пневматиците за 2020

Прототип пневматиците на Пирели за 2020 година би можеле да се користат на трки годинава при крајот на сезоната, според главниот во снабдувачот, Марио Исола.

Водечките претставници на Ф1 се сретнаа во Австрија да дискутираат околу враќање на пневматиците од 2018 година со цел да се подобри спортот, но тој предлог не го доби потребниот број на гласови.

Се претпоставува дека неколку други опции кои биле дискутирани ја вклучуваат и можнноста да се користат прототип пневматиците за 2020 година кон крајот на оваа сезона.

Пирели ќе има приватен тест на компонентите за 2020 година во следните неколку месеци, додека го менуваат фокусот кон 2021 година со 18 инчни тркала.

Можно е да користат прототипите за 2020 година бидејќи правилата го дозволуваат тоа. Можеме да снабдиме 2 сета на прототипи во петочните сесии. Исто имаше и дискусија да се променат правилата со цел да се анализираат различните пневматици во текот на викендот, не само во тренинг сесиите.

Јас кажав, ова е нова идеја и мора да се размисли и дискутира дали ФИА ќе се согласи, но ние сме отворени кон тоа и ќе продолжиме со нашите тестови. Но исто така имаме и можност да тестираме производ кој е наменет за следната година.

Моменталните болиди се навистина брзи, тоа значи дека нанесуваат поголема енергија над пневматиците.

Мора да се справиме со таа енергија и со сите модификации во конструкцијата за да работат подобро, како и компонентите да имаат поголем оптимален прозор без проблеми, без презагревање.

Очигледно, целта е да се намали презагревањето бидејќи тоа не одговара на пневматиците и би рекол дека имаме две цели. Безбедноста е цел која е секогаш присутна. Целите се да имаме поголем оптимален прозор и помалку презагревање наредната сезона – истакна Исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ