Ф1 ги сака Мерцедес и Ферари на Нетфликс

Комерцијалниот шеф на Формула 1, Шон Брачес, изјави дека е оптимист оти сите 10 екипи ќе потпишат договор и ќе бидат вклуччени во втората сезона од серијата за спортот на американски Нетфликс.

Првата сезона на серијалот сниманеа лани вклучуваше само 8 екипи откако најдобрите два тима во спортот, Ферари и Мерцедес, решија да не губав време со Drive to Survive. За време на минатата трка во Азербејџан, Формула 1 и американскиот стриминг сервис потпишаа договор за нова сезона.

Брачес е убеден дека и најдобрите два тима ќе бидат убедени да споделат дел од себе во документарната серија.

изгледа дека ќе имаме и втора сезона и во неа се надеваме дека ќе бидат присутни сите екипи. оптимисти сме дека 10 екипи ќе бидат опфатени во серијалот.

се обидуваме да го отвориме ова на еден транспарентен начин и се што правиме сакаме да ги вклучува сите тимови.

доколку мерцеес и ферари беа дел од првата сезона, тогаш ќе добиеја голем простор за промоција, но тоа што не беа дел од сезоната, им отвори простор на останатите екипи да се покажат.

Екипата на Нетфликс го снимаше Роберт Кубица и Вилијамс во Австралија, додека во Азербејџан беа сконцентрирани на Рено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ