Ф1 го задржува тридневниот формат, но можни се промени во Петок

Шефовите на Формула 1 потврдија дека ќе продолжат да организираат тридневни Формула 1 тркачки викенди иако во иднина се можни промени во однос на петочните сесии.

Последниот период се размислуваше за скратување на тркачкиот викенд поради проширувањето на календарот на 22 трки следната година и најавениот дополнителен раст во иднина. Разговорите околу промената на форматот станаа уште повеќе актуелни по откажувањето на сесиите во Сабота во Сузука поради Тајфунот Хагибис.

Рос Браун, спортскиот директор на Формула 1 откри дека тридневните тркачки викенди ќе останат иако се размислува во насока на промени на двете петочни тренинг сесии од следната година.

форматот на викендот е аспект на кој сме фокусирани со целата промена на правилата која ќе следи следните години и за то аги консултираме промотерите, екипите, но и фановите. ќе бидам искрен и ќе кажам дека имаме силна согласност, особено помеѓу организаторите на трките, да се задржи тридневниот формат, иако некои сакаат промена на распоредокт на возење.

вистина е дека ден како Неделата во сузука нуди одлично шоу во само неколку часови, но таквиот распоред ќе ги поремети и пропратните јуниорски серии претходните денови.

по темелна анализа заклучивме дека најдобро решение е да го задржиме постојаниот формат на викендот кој трае три денови, но со ревизија на тоа што се случува во петок, а останатото би останало непроменето, квалификации во сабота и само трка во недека.

со цел да ги следиме барањата на екипи поради зголемениот број на трки в отекот на сезоната, им дадовме можност за размислување на организаторите за распоред согласно кој возачите и тимовит еби пристигнале на патеките еден ден подоцна.

Возачите и тимовите пристигнуваат на настаните во Четврток, единствено во Монако се доаѓа во Среда, со цел да се одработат обврските кон медиумите, фановите, прошетки по патеката и се што со себе носи еден тркачки викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ