Ф1 оди кон намалување на помагалата за возачите

Формула 1 во моментов бара начин да ги ограничи помагалата на возачите со новите правила за 2021 година.

Формула 1 менаџментот и ФИА заедно со тимовите сеуште не ги имаат финализирано новите правила за наредната Формула 1 ера која започнува по крајот на следната сезона. Како траат дискусиите се појавуваат нови детали од разговорите.

Претседателот на ФИА предложи да се врати дополнувањето на гориво, а според Николас Томбазис се размислува и за намалување на помагалата на возачите.

Размислуваме да ја намалиме електрониката во болидите и одредени возачки помагала. Тоа е чувствителна тема и работиме на неа. Сакаме да се намали телеметријата од болидот до боксот и со тоа возачот да има поголем технички придонес.

Исто, треба да се намали и радио дискусијата за температурите и слични работи кои му кажуваат на возачот како да се однесува.

Томбазис откри и дека се прави детална анализа од страна на ФИА на некои тимови за да се воведат стандардни делови.

Разгледуваме стандардизирање на некои делови за да се намалат трошоците. Тоа се однесува на долниот дел од шасијата. Тоа е област која е тешка да се регулира, но работиме на тоа. Можеби ќе го намалиме и дозволениот број на персонал во боксот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ