Ф1 потврди: Сите тимови ќе бидат на Нетфликс

Формула 1 официјално потврди дека втората сезона од ‘Drive to Survive’ серијата на Нетфликс која ќе се емитува на почетокот на следната година, ќе ги вклучува сите тимови, заедно со Мерцедес и Ферари кои по ланското отсуство, сезонава им дозволија на камерите непречен пристап до своите гаражи.

Првата сезона имаше одличен прием, беше снимана во текот на ланската сезона, а оваа година камерите на Нетфликс се присутни во падокот уште од предсезонските тестови во Барселона.

Официјално, договорот кој лани не го потпишаа Мерцедес и Ферари, сезонава беше “заверен“ од страна на сите тимови во Формула 1 поредокот. Согласно истиот, се што ќе биде фатено од камерите може да биде прикажано на телевизија, освен откривање од некаков вид на технички тајни како на пример откриени болиди и мотори во гаражата.

воодушевени сме што повторно ќе работиме со нетфликс во втората сезона од нивната серија посветена на формула 1. серијата е навистина посебно и им ја покажува на фановите невидената страна од формула 1, личностите и емоциите во секоја екипа и возач на гридот.

Drive to Survive овозможи да се дополни базата на фанови глобално и да се биде партнер со нетфликс втора сезона по ред што ќе ги донесе фановите во центарот на се што се прави во овој спорт – изјави иан холмс, директорот за медиумски права на формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ