Ф1 размислува замрзнување нa развојот на моторите

Формула 1 размислуваат да го замрзнат развојот на моторот со внатрешно согорување на моменталните агрегати од 2021 година. Претходно се размислуваше моменталните правила за моторите да останат до 2025 година.

Но поради можноста за зголемени трошоци за развој се премина кон шпекулации за замрзнување, а инвестирање во развој само во електричните, хибридни делови. Ова е само првиот чекор кон ограничувањата.

Тоа би чинело 5% помалку и тоа е добар чекор, Но потребно е повеќе – изјави Тото Волф, првиот човек на мерцедес.

За него следен чекор би било замрзнување на развојот на моторот со внатрешно согорување.

Би било добро да се задржи развојот на електричните делови од моторот. Моментално МГУ-К обезбедува 20% од целата сила на моторот. Замислете што би се случило доколку стигнеме до 50%.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ