Ф1 статистиката на Роберт Кубица

Роберт Кубица се враќа на Формула 1 гридот следната година откако Вилијамс го потврди тоа, 8,5 години откако го имаше своето деби во врвот на моторспортот.

Роберт Кубица е роден во Краков на 7 Декември 1984 година. 33-годишникот дебитираше на Унгарското Гранд При во 2006 година, а последната трка за него беше на Големата награда на Абу Даби во 2010 година. Својата дебитантска сезона ја заврши на 16то место, во 2007 година заврши како 6ти, во 2008 година беше 4ти, следната година 10 места подоле, а последната Формула 1 сезона ја заврши на 8ма позиција.

Има 76 Гранд при трки зад себе и дополнителни 15 учества на петочни тренинг сесии на некој тркачки викенд. Во својата Формула 1 кариера возел заедно со Ник Хајдфелд, Жак Вилнев, Себастијан Фетел и тоа за БМВ Заубер и Вилијамс, користејќи агрегати на БМВ и на Рено.

Големата награда на Канада во 2008 година беше врвен момент во неговата кариера поради што победи на таа трка, во Бахреин истата година ја забележа своајта единствена пол позиција, а на трката на која победи го имаше и единствениот најбрз круг.

ОСвен победата во Канада, има уште 11 подиуми и тоа 5 пати бил на второ место, а 6 пати бил на трето место. ПРв подиум му е во Монца во 2006 година, а последен во Белгија во 2010 година. Има и 12 незавршени трки.

Во својата кариера има освоено вкупно 273 поени, односно по 3,59 поени трка или 54,60 поени по сезона.

Во трка има минато 4.203 кругови односно 21.114 километри од кои 74 кругови односно 337 километри бил водечки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ