Ф1 тимовите дискутираат задолжителна зимска пауза

Формула 1 тимовите дискутираат околу можно воведување на зимска пауза во Декември 2019 година со цел да се гарантира одмор за нивните вработени.

Планот е да се воведе затворање на фабриките од 24 Декември до 1 Јануари, со исти правила како и летната пауза од 2 недели, во која екипите функционираат само со основниот персонал.

Клучни дејности кои се забранети во летниот период се користење на воздушниот тунел, CFD оператива, изработка на делови, конструкција на болиди и било каква работа од било кој вработен и консултант инволвиран во дизајнот, развојот или производството.

Идејата, која започнала на последниот состанок на Техничката Работна Група, била дискутирана од страна на тимските шефови на состанокот на Спортската Работна Група во Интерлагос. Предлогот сега ќе биде разгледан од страна на Стратегиската Група.

Моментално, секоја одлука за Декември 2019 година ќе мора да биде едногласно изгласана, бидејќи промените ќе мора да се воведат во правилата за наредната година, иако паузата би влијаела над развојот за 2020 година.

Некои тимови е можно да покажат отпор, кои рутински работат во овој период, а некои истакнаа дека инженерите од земји како Јапонија, работат дури и за време на Божиќните празници.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ