ВЕСТИ
БИОГРАФИЈА
Оживувањето на нивната Формула 1 традиција преку основањето на фабричка екипа за првенството во 2010 година, се покажа како вистинска платформа за Мерцедес да се искачи во генералниот пласман. Тимот веќе создаде голема возбуда преку ангажирање на сензационалниот Михаел Шумахер, но најголемото внимание дојде од патеката: три подиуми во деби сезоната, сите преку Нико Розберг, кој пак потоа стигна до пол позиција и победа во Кина во 2012 година. Следната сезона негов тимски колега стана Луис Хамилтон, обајцата започнаа епска борба за титула, а Мерцедес започна да ја испишува доминацијата во новата модерна ера на Ф1.
2017
Бранејќи се од конкурентите за титула, Ферари, нивниот болид W08, за што и тие самите признаа, се однесуваше како “дива“. Откако Нико Розберг си замина, Хамилтон одлично се смести во неговата улога како де факто, возач број 1, водејќи ја екипата до четвртта последователна титула, додека новиот тимски колега, Валтери Ботас, стигна до 3 победи.
2016
Супериорноста на Мерцедес се искачи на ново ниво. Тие победија на 19 од 21 трка во походот кон трета шампионска титула. Овојпат, Розберг беше тој кој ја освои титулата во конкуренција на возачи по титанска битка во текот на целата сезона со Луис Хамилтон. Набргу потоа, тој одлучи да се пензионира, со што го шокираше Формула 1 светот.
2015
Хамилтон го предводеше Мерцедес до втора последователна титула во конкуренција на конструктори и возачи, тимот повторно доминантен со 16 победи од 19 трки, овојпат подобрувајќи го својот рекорд од 12 победи во една сезона.