Ф1, Хаинекен и семејството со фестивал на фановите во чест на Аиртон

По неколкуте успешно организирани фестивали за фановите низ светот, Формула 1 на 9 Ноември ќе организира нов за да го слави животот и делото на трикратниот Формула 1 првак, бразилецот Аиртон Сена. Фестивалот ќе се одржи во родниот Сао Паоло, а ќе биде посветен за неверојатната оставштина и успесите на возачот.

Настанот е дел од неколкуте активности поддржани од Хаинекен за да се прослави сето тоа што Сена го постигнал на 25 години од неговата прерана смрт. HEINEKEN F1 FESTIVAL – SENNA TRIBUTE ќе биде безплатен настан во Ибирапуера Парк во Сабота на 9 Ноември од 12 часот на пладне до 6 часот попладне по локално време. Исто така, фестивалот ќе биде подготовка на Големата награда на Бразил која е на програмата една недела подоцна.

Фановите ќе имаат чест да видат модерни Формула 1 болиди произведени од Мерцедес и Рено, но и возење со истите низ улиците на градот. Еден од возачите треба да биде мексиканскиот тестер на Мерцедес, Естебан Гутиерез.

Дел од прославата ќе бидат и легендарниот шампион од Бразил, Емерсон Фитипалди, човек кој имал големо влијание врз тркачката кариера на Аиртон, но и Фелипе Маса, бразилец кој ги следеше чекорите на Сена во врвот на моторспортот. Двајцата ќе возат историски болиди кои своевремено ги возел и самиот Сена како Толеман ТГ184 со кој Аиртон дебитираше во 1984 година како и иконскиот златно-црн Лотус 97Т со кој стигна до првата победа во 1985 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ