Ф1 ќе дозволи дополнително МГУ-К наредна година

Формула 1 тимовите се договорија на компромис согласно кој следната година ќе имаат дополнителен кинетички МГУ-К за календарот составен од рекордни 22 трки.

Некои тимови и производители на мотори се подготвени за казни за првичниот календар со 21 трка, но откако календарот се зголеми ќе мора да поработат на издржливоста на деловите.

На крајот тие се договорија да добијат трет МГУ-К како дел од компромисот. Сепак, батеријата и електрониката ќе остане на две единици по сезона. МГУ-К е делот кој е најпроблематичен кај хибридните мотори, а веќе овој викенд 6 возачи го искористија лимитот.

Очигледно тоа има смисла. Беше планирано за 2021 година, но моравме да го примениме и порано. Нормалните работи не функционираат во Ф1 и затоа има борба.

Постигнавме компромис во Будимпешта. Разбирам дека е тешко луѓето да се држат до збор, но тоа се случи – изјави Абитебул од Рено.

Абитебул изјави дека треба да се размисли и за другите делови бидејќи замена на МГУ-К е доста напорна и доколку се сменат повеќе делови е полесно. Дури и Мерцедес се согласија со барањето.

Добро е за механичарите во гаражата. Во овој момент моторот и бројот на МГУ-К е 3 со 2 И тоа прави хаос кај механичарите.

кинетичкиот МГУ-К е над моторот и нема смисла ако не се заменат двата дела. Некои луѓе во Ф1 не се грижат за тоа, но ние се грижиме. Важно е да имаме ист број посебно во сезона со многу блиски трки.

Абитебул би сакал и ист број на батерии и контролни електроники.

Го сакаме и тоа, но тоа е посебен дел и логистички нема врска со ова. Затоа не е толку важно за нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ