Хаас бараат 35 милиони од Рич Енерџи

Твитер профилот на Рич Енерџи е повторно актуелен откако таму беше објавено писмо, наводено напишано од адвокатите на Формула 1 тимот Хаас во кое американците бараат компензација од 35 милиони фунти за прекршување на договорот од страна на компанијата за производство на енергетски пијалоци.

Во писмото кое има датум 11 Јули, Хаас се соогласуваат со донесената одлука од Рич Енерџи за прекинување на соработката веднаш. Сепак, тоа значи и прекршување на договорот од страна на британската компанија и плаќање на “пенали“ согласно потпишаниот договор.

Адвокатите во писмото наведуваат дека Рич Енерџи и Хаас не може да го раскинат четиригодишниот договор без плаќање на оваа сума за предвремен раскин и поради тоа Формула 1 тимот бара 6 милиони фунти од Рич кои се веќе достасани за наплата, како и предвидените суми за 2020 година и 2021 година.

Адвокатите објаснуваат дека причините позади одлуката на Рич Енерџи за раскин на договорот немаат врска со правото, откако тие напишаа дека слабите перформанси и немањето резултати довело до прекин на соработката.

На крај, очекувањата се дека доколку Хаас не ја добие уплатата од 35 милиони фунти со 25 Јули годинава, ќе почне судска тужва за наплата на парите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ