Хаас ги откри шарите без Рич Енерџи

Формула 1 тимот на Хаас ги откри шарите на својот болид без главниот спонзор, Рич Енерџи, откако спогодбено ја раскинаа соработката минатата недела.

Поради поврзаноста со компанијата за производство на енергетски пијалоци, годинава американците наместо сиви нијанси има предимно црна боја со златни делови поради бојата на логото на Рич Енерџи.

Откако соработката и официјално е прекината, екипата ги отстрани логото на Рич Енерџи кое беше аплицирано на болидот како и на целокупната тимска опрема од почетокот на сезоната.

Сепак, се чини дека црно-златната шара на американците им се допаднала така што болидот останува во таа боја.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ