Хаас го анализираат Монако за да бидат брзи во Сингапур

Гунтеер Стсаинер откри дека е важно за Хаас да го анализираат и учат од трката во Монако во пресрет на тркачкиот викенд во Сингапур.

Во моментов американците се на 9то место во конструкторскиот поредок, но на трката во монако во Мај, Роман Гросжан успеа да стигне до поени прв пат во сезоната. Стаинер се надева дека неговите двајца возачи ќе се борат за поени викендов откако ќе напраат добра анализа на најбавната патека во календарот.

главниот предизвик на патеката е тоа што е бавна, лични на монте карло. мора да анализирате и да се потсетите на се што сте научиле таму за да извадите максимум од болидот на оваа трка.

ноќните трки особено во сингапур се многу кул. фантастична е глетката и мислам дека придонесува многу во подобрување на шоуто. временската разлиак им дозволува на луѓето насекаде во светот да ја следат трката – појасни стаинер.

Италијанецот смета дека европското работно време и покрај тоа што се тркаат во Азија е клучно за инженерите, механичарите и возачите да работат во мормално време без да губат период на адаптација на различната временска зона, нешто што ќе го прават на трките во остатокот од календарот.

во најголем дел од нашето работно време таму, климата е оладена затоа што е навечер, но останување во иста временска зона им помага на сите да се справат со предизвиците. ако може да спијат во текот на денот, тоа е предноста за нив. тоа не треба да е проблем затоа што денски е многу топло за работа.

трките во мексико и америка па дури и онаа во бразил се многу блиску една до друга и поради тоа нема голема временска разлика во однос на зоните. секогаш е тешко кога екипите во првиот дел од сезоната се враќаат во европа.

се ближи крајот на сезоната, сите се по малку изморени, сезоната е долга и нетрпеливи сме за следната со дури 22 трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ