Хаас: Го проверивме нашиот спонзор

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер го бранеше новиот спонзорски договор кој американците го потпишаа со Рич Енерџи, компанијата за производство за енергетски пијалоци, уверувајќи дека тие ја извршиле неопходната проверка.

Рич Енерџи не успеаа да го купат тимот Форс Индија, а извршниот директор на компанијата Вилијам Стори беше во падокот на Вилијамс на минатата трка во Остин. Тој имаше состанок со Стаинер, а покрај него разговараше со тимовите Вилијамс и Мекларен.

Четири денови пооцна, Хаас го објавија нивниот договор за главен спонзор за 2019 година и потврдија дека болидот ќе биде обоен во црно и златно. Има одредена доза на скептицизам околу можноста Рич Енерџи да спонзорира Формула 1 тим, а брзината со која е склучен овој договор предизвика интерес.

Ние го проверивме нашиот спонзор. Направивме детална анализа како што треба. Тоа го направивме пред пред состанокот. Зошто да се сомневаме? Очигледно направивме што требаше и нашите правници се согласни со тоа – објасни Стаинер.

Договорот со Рич Енерџи дојде како изненадување, бидејќи сопственикот на тимот Џин Хаас сакаше да го користи тимот за промоција на неговата компанија, а сега тимот добива добива нов главен спонзор. За Стаинер ова е вистинско време за главен спонзор.

Мислам дека по 3 години во спортот, Хаас Ф1 е име и сите се согласуваат со тоа. Сите знаат кој е Хаас Ф1. На почетокот не беше познато, но сега сите го познаваат брендот. Од било која причина името сега е познато. Доколку дојде партнер и придонесува тогаш работите заедно и ги користите шансите. Мислам дека тоа ќе му помогне на тимот.

Стаинер изјави дека изгледот на болидот не е финализиран и се разгледувани неколку комбинации.

Го спремаме буџетот за наредната година и ќе видиме што ќе излезе, сакаме подобри инвестиции за наредната година и тогаш ќе видиме како ќе се поделат.

Ќе вработиме повеќе луѓе за да бидеме поефикасни. Сега сме приземјени. Нашиот бизнис модел функционира. Не е перфектен, но станува се подобар и растеме таму каде што сме биле послаби. Знаеме каде сме слаби и правиме измени, но тоа не значи дека ќе одиме на стариот начин и за две години ќе имаме 500 вработени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ