Хаас можеби ќе се откажат по 2021

Досега екипата на Хаас во најголем дел од сезоната има само проблеми, а сопственикот Џин Хаас признава дека болидот можеби нема да биде на гридот во 2021 година.

Најголема причина за тоа е бидејќи тие не се во можност да продолжат во оваа насока, ако нема победи. Опстанокот во Ф1 не е ефтин, особено во случајот на Хаас, на кои им се потребни резултати за да останат во спортот на долг рок.

Тие дебитираа во 2016 година и стигнаа до статусот на тим од средината, но во 2019 година проблемите се драстични. Моментално се пласирани на 9то место во поредокот, со само 26 освоени поени по 12 трки.

Сопственикот на Хаас истакна дека би било тешко за нив да останат ако резултатите не се подобрат.

Ова е премногу и на крај нема веќе да постоиме. Грижата околу 2021 година не е повеќе околу тоа што тие ќе смислат туку Колку тоа ќе не чини?

Секој пат кога носат промена, имплементацијата чини 20, 30 или 40 милиони долари. Тие велат дека сакаат да ги намалат трошоците, но изгледаат мошне заинтересирано во носење на промени.

Како на пример “ќе воведеме долевање на гориво, ајде да ги направиме работите поинтересни“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ