Хаас нема да ризикуваат со дебитант догодина

Тимскиот шеф на Хаас, италијанецот Гунтер Стаинер, најави дека никој не треба да очекува возач дебитант во тимот следната година затоа што ризикот за тоа е преголем.

Последните три години за американската екипа возат Роман Гросжан и Кевин Магнусен, но тие немаат најдобра сезона и неколку пати сезонава имаа контакти на патеката. Американците беа 5та екипа лани, но во моментов се на 8мо место со само 26 освоени поени.

Шефот на екипата призна дека може да биде отпуштен било кој од нивните двајца сегашни возачи, но дополни дека не размислуваат за дебитант.

ваквите одлуки се многу тешки затоа што се работи за можност која доаѓа со голем ризик. како екипа можеме да донесеме дебитант, но дали навистина го сакаме тоа?

годинава ако имавме дебитант во болидот немаше воопшто да ни помогне затоа што ни требаат возачи со многу големо познавање за аеродинамиката и гумите, а такви дебитанти не постојат – смета стаинер.

Ландо Норис е многу успешен во Мекларен и во моментов по 12 извозени трки е на 10то место во возачкиот поредок.

годинава мекларен ризикуваа и погодија. ландо е одличен и врши фантастична работа за нив, брз е. но, се можеше да тргне во сосема спротивна насока и тогаш ќе им беше претешко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ