Хаас неодлучни: Гросжан или Хулкенберг

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер и сопственикот на тимот, Џин Хаас, сеуште размислуваат дали да го задржат Роман Гросжан во тимот догодина или пак да му понудат договор на Нико Хулкенберг.

Иднината на Кевин Магнусен е сигурна затоа што тој има активен договор со американската екипа, но неговиот колега останува непознаница.

ако одлуката беше јасна, ќе беше лесно да се направи и брзо ќе стигнвме до договор. не сме сигурни што е најдобро за тимот, но и џин е неодлучен затоа што доколку тој сака нешто, јас морам да го направам. разговараме за да направиме најдобро за тимот, не за нас.

она што во моментов го имаме не е лошо, но дали можеме подобро, колку би ризикувале со тоа што сакаме да го подобриме и дали е во вистинска насока. се работи за многу напред-назад опции, но во одреден момент мораме да донесеме одлука – изјави италијанецот стаинер за Autosport.

Тој потенцираше дека на тимот не му се брза затоа што знае дека двајцата возачи на кои размислуваат немаат други опции во Формула 1 пред себе.

не очајуваме, пазарот не се движи многу годинава. одлуката е тешка и поради тоа ни треба време. не дека еден е добар, друг не е и тоа е јасно.

роман одлично го познаваме, а јасно ми е и за што е способен хулкенберг. се работи за тоа кој подобро се вклопува во нашиот начин на работа за да одиме напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ