Хаас не сметаат дека Рич Енерџи им ја уништува репутацијата

Шефот на Хаас, италијанецот Гунтер Стаинер, изјави дека репутацијата на американската екипа не е нарушена по сагата околу нивниот главен спонзор, компанијата за производство на енергетски пијалоци, Реч Енерџи.

Твитер профилот на компанијата објави дека поради лоши резултати го раскинуваат договорот со Формула 1 екипата, потоа се јавија акционерите кои велеа дека тоа не е став на Рич Енерџи туку само на Главниот извршен директор.

ние не погрешивме ништо и поради тоа не може да имаме нарушена репутација, не е наша вина и поради тоа ние не трпиме никаква штета поради тоа што ништо не направивме.

јасно е, тие ни плаќаат да се рекламираат кај нас, а ние си ја вршиме нашата работа и поради тоа сметам дека не сме оштетени како екипа затоа што не сме погрешиле ништо. направивме се според правилата и тоа ни ја подобрува репутацијата затоа што не реагираме спонтатно и импулсивно.

мислам дека сме во добра позиција затоа што покажавме дека дури и со контроверзии околу нас, не правиме работи кои не требад а ги правиме, работиме професионално и ги контролираме работите без конфликти. ги оставаме работите кои се случуваат околу нас да се расчистат, а потоа се соочуваме со нив.

се држиме до нашата професионална линија, ако имаат проблем, тоа е нивни. имааме многу луше кои одлично си ја вршат својата работа во обаа невообичаена ситуација и тоа е одлично – смета гунтер.

Тимскиот шеф објасни дека го чека развојот на настани во врска со контролата на сопственоста во компанијата за производство на енергетски пијалоци за да добие јасна порака дали партнерството ќе продолжи.

разговараме, како што знаете тоа не е во наша контрола, тоа се нивни интерни односи, а ние не сакаме да бидеме дел од тоа. сепак, секако дека постои можност договорот да биде прекинат.

си ги решаваат своите проблеми, сакаат да продолжат да се рекламираат кај нас, а тоа ќе го дефинираме следните неколку недели во однос на тоа како и колку ќе ги рекламираме. знаат дека прво треба да се договорат помеѓу нив за да продолжиме. не знам што се случува кај нив и не треба да знам,

Запрашан дали бил ставен во лоша позиција по критиките кои на Твитер профилот ги напиша Вилијамс Стори, директорот на Рич, Стаинер изјави:

не се чувствувам непријатно затоа што не знам што следува. не контролирам ништо и несе работи за нас. не би рекол дека не ми е гајле, но што е тука е. ќе работиме како и секогаш и ќе даваме се од себе. не можеме да контролирмае некои работи пред да се случат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ