Хаас си играат со термометарот

Сопственикот на Хаас, американскиот бизнисмен Џин Хаас, призна дека е фрустрирачка борбата со гумите и тимот цело време си игра со термометарот.

Екипата од почетокот на сезоната се мачи со оптималната работа на гумите што им прави многу проблеми. Во потопли услови како во Барселона, тие имаа добри перформанси каде Кевин Магнусен заврши на 7мо место, а Гросжан три позиции зад него.

Мислам дека имавме мизерен старт на сезоната. Се квалификувавме добро и неколку кругови бевме добри. Подоцна изгубивме температура на гумите и се оди надоле.

Денес беше потопло време и немавме проблеми, дури и со Гросжан на рестартот гумите беа поладни и по неколку кругови работеа како што треба. Се чини дека иаме среќа понекогаш со температурата.

Би било добро Пирели да не се толку чувствителни на тоа. Си играме со термометарот, а не со болидите – нервозен е хаас.

Џин исто така додаде дека тие бараат брзина на правците.

Средниот ред е доста тесен. побавни сме од конкурентите на правците, но се враќаме во свиоците. Имаме влечна сила при големи брзини и добра потисна сила во кривините.

Гунтер Стаинер од Хаас очекувал Барселона да биде добра за нивните болиди, но предупреди дека проблемот со гумите треба да се реши на долг рок.

Тука дојдовме да тестираме и да ги проработиме гумите. Ова е знак за напредок по Баку каде бевме многу лоши.

Ја знаеме брзината на болидот и на некои патеки не сме сигурни дека гумите работат. Треба да најдеме начин секаде да работат бидејќи болидот е добар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ