Хаас чекаат на пазарот пред одлуката за нивното дуо во 2020

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, не ја открива иднината на возачкото дуо за следната година, но инсистира дека потенцијалниот избор нема да биде откриен се додека нема поголема раздвиженост на пазарот на возачи.

Покрај мистериозните проблеми со нивниот болид годинава, Хаас мораат да се справуваат и со проблемите на патеката предизвикани од нивните возачи.

Многумина се сомневаат дека Хаас ќе продолжат со двајцата возачи во 2020 година, откако французинот Роман Гросжан се смета како најверојатна опција да си замине од екипата.

Според шпекулациите, Нико Хулкенберг е поврзан со возачко место во Хаас, како и Естебан Окон доколку истиот не доби возачко место во Мерцедес. На крајот, поранешниот возач на Заубер и моментален возач на Махиндра во Формула Е, Паскал Верлејн, исто така е поврзан со екипата на Џин Хаас.

Но поради ограничените финансиски ресурси на Хаас, Стаинер сугерира дека неговиот тим најверојатно ќе почека додека не се стабилизира возачкиот пазар, а потоа да одлучат во зависност од тоа кој ќе остане.

Се обидувате да процените како ќе се одвива возачкиот пазар, а потоа ја донесувате најдобрата одлука во зависност од понудата, а тоа значи кој е слободен, кој не е и кој може да си го дозволиме.

Тоа е како домино ефект. Ништо сеуште не се поместува, прашањето е кога ќе се помести првиот дел, но можеби и ништо нема да се помести.

Многу работи сеуште треба да се случат, на некои возачи им истекува договорот, но ние не може да си ги дозволиме моменталните возачи кои се на пазарот.

Иако Стаинер би сакал да работи со Естебан Окон, италијанецот смета дека има неколку недостатоци со поранешниот возач на Форс Индија.

Кога сте надвор од спортот една година, секако, вашата вредност опаѓа, кога не сте дел од спортот, не сте под внимание на останатите. Тој беше многу добар во последните две години кога возеше, тој сега е во симулаторот на Мерцедес и е сеуште инволвиран.

Една година е во ред, но по две години тешко е да му дадете втора шанса на некој. Од друга страна и Квјат беше надвор од спортот, а сега е вратен и е многу подобар.

Втората работа кој би го блокирала трансферот на Окон во Хаас е неговиот статус со Мерцедес. Стаинер нема да прифати договор од една година.

Возач на само една година не е многу продуктивно. Ќе треба да биде повеќе од една година бидејќи не сакаме да бидеме тренинг центар за некој друг.

Што се однесува до Верлејн, Стаинер го истакна следното:

Тој е надвор од спортот две години и тешко е да се врати. Од друга страна, тој се трка во Формула Е, така што не е целосно надвор и изгледа дека има желба да се врати. Секако, тоа е голем ризик и за него и мора да го прашате дали би го направил тоа.

По две години пауза, тешко е да се превземете ризик како екипа и да му дадете шанса на некој да се врати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ