Хаас ќе одлучи за возачите по летната пауза

Гунтер Стаинер од Хаас изјави дека нема да носат никакви одлуки за своите возачи се до летната пауза. Американскиот тим оваа сезона има доста проблеми со менаџирање на новите гуми од Пирели.

Иако нивниот болид е четврти најбрз пакет на гридот, тие се на 8мо место кај конструкторите и според Стаинер работите не може да се полоши. Стаинер верува дека за тоа не се криви возачите и за нивната иднина нема да дискутира до летната пауза.

Како и лани, му кажав на Џин дека за возачите ќе одлучам по летната пауза. тој ми кажа да не пропуштам некоја шанса.

Сега следува трката во Франција на која Хаас треба да профитира од нивниот подобрен аеродинамички пакет. Гросжан верува дека Хаас треба да се добри на неговата домашна трка.

Надградбите беа добри од Барселона навака и до сега функционираа. Во Франција е важна аеродинамиката повеќе од Канада и Монако.

сепак треба да работи целиот пакет. Сега учиме и се поправаме. Сега се поминати само 7 трки. Очигледно работата со гумите не успева.

Французинот се мачеше на квалификациите лани и заработи казна за инцидентот со Окон.

Се надевам на подобар резултат, минатата година немав добра трка. Се надевам на добар викенд и добра трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ