Хаас ќе продолжат да возат со различни спецификации и во Германија

Хаас не извлекле јасни и цврсти заклучоци од возење на два болиди со различна аеродинамичка спецификација во Британија, така што нивниот експеримент ќе продолжи и на следната трка во Германија.

Роман Гросжан се врати на аеро спецификацијата која ја користеше на отварањето од сезоната во Австралија, додекга Магнусен вози со последната, промовирана во Барселона.

Во Германија доаѓаат уште новини на американскито болид, кој се верува дека е се побрз, но и на Хокенхајм ќе имаат различни делови за да се заклучи кои се подобри. На квалификациите Роман Гросжан имаше побрзо време од Кевин Магнусен, така што податоците треба дополнително да се анализираат за да се донесе правилен заклучок.

искрено подобро се чувствувам со старате спецификација и не сум удобен во болидот откако ги донесовме новините особено на големи брзини и летечки кривини. сакав да се вратиме на стариот пакет за да се подобриме.

на правците гледаме дека имаме помалку потисна сила и мораме да разбереме зошто така ни се случува, во моментов и го правиме тоа.

знам дека старата аеродинамичка спецификација има некои слабости кои ги вочивме уште на зимскиот тест, некои беа решени со новиот пакет, но гледаме дека истиот не испорачува соодветни резултати во однос на времињата по круг.

мораме да разбереме што можеме да направим подобро и кој е нашиот следен чекор. разговорите се во тек и мислам дека и следниот викенд ќе работиме слично – најави гросжан.

На ова Магнусен додаде:

им треба повеќе време да поценат се што се случуваше и се надеваме дека следниот викенд ќе имаме повеќе одговори откако ќе направиме соодветна анализа на податоците. од изјавите на роман, тој подобро се чувствува во новиот болид.

мислам дека поблиску е до мене со тој болид кој го има овој викенд, а на квалификациите имаше подобро време, така што некој мора да погршил нешто кај меѓе помеѓу саботниот тренинг и квалификациите.

Гунтер Стаинер призна дека имаат уште многу работа за да заклучат како новиот пакет да биде побрз и дека сеуште немаат дсоодветни заклучоци.

мислам дека последната спецификација не буни. секогаш го споредуваме пакетот со кој тргнавме со послендиот кој го имаме, иако немавме некој огромен број на новини бо барселона. мораме да споредиме она што го имаме и да најдеме како да го решиме проблемот затоа што не сме среќни и задоволни со него и не ни носи резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ