Хакинен: Време е за нови правила и исти стјуарди на секоја трка

Поранешниот двократен Формула 1 шампион, Мика Хакинен, верува дека е дојдено време во Формула 1 да се променат правилата заедно со ФИА и стјуардите на патеката да бидат исти за секоја трка.

Финецот потенцираше дека не е согласува со одлуката во Канада да се казни и да се одземе победата на Себастиан Фетел, а се присетува и на борбите кои своевремено ги имаше со своите ривали на патеката.

кога се присетувам на мојата формула 1 кариера, мислам дека михаел шумахер имаше поголема слобода да се трка. можеби немаше толку многу поставени камери да гледаат што се правевме, во спротивно можеби ќе имаше повеќе казни или ќе завршевме со тркање како денеска.

фиа прави одлична работа да го направи спотот многу побезбеден додека стјуардите работат под голем притисок во носење на своите одлуки и почитување на правилата.

сепак, сметам дека возачите, екипите, фиа и формула 1 треба да најдат начин да се пуштат слободно да се тркаат, понекоташ треба да се биде реален и да не се штети на репутацијата на спортот.

никој не е среќен со одлуката во неделата, казната заврши една битка која можеше да биде уште подобра одошто беше, а казната беше на негодување на сите – смета хакинен.

Моменталните правила на ФИА значат ротација на стјуардите на сите трки, а нивниот тим е сочинет од четири стјуарди од кои едниот е задолжително поранешен тркач. Хакинен не гледа причина зото барем тројца од таа група не се истите луѓе за секоја трка.

сметам дека е време формула 1 да размисли да има тројца стјуарди кои ќе бидат исти на секоја трка, ам ожеби оној кој работи како возач – стјуард или советник да се ротира. не ја оспорувам нивната способност, но спортот мора да има поголема корист од нив и да е се повторуваат спорните моменти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ