Хакинен: Крилото на Леклер можеше да направи повеќе “беља“

Финецот Мика Хакинен смета дека Ферари требале веднаш да го внесат Шарл Леклер во бокс со оштетениот болид во Јапонија, сметајќи дека последиците од оштетеното предно крило можеле да бидат многу полоши.

Скудерија првично го одложи влегувањето во бокс по контактот на Леклер со Макс Верстапен, а Шарл во тој период истакна дека оштетеното предно крило нема влијание над болидот.

Сепак, Ферари му нареди на возачот да дојде на поправка откако директорот на трката, Мајкл Маси, посочи дека Леклер вози со небезбеден болид, што пак доведе до временска казна од 10 секунди и 25,000 долари казна за Скудерија изречени по крајот на трката.

Хакинен смета дека правилната одлука требало да биде тимот да го внесе возачот веднаш, само поради безбедност.

Според мене тој требаше веднаш да влезе бидејќи нема поента да се трка со оштетено предно крило кое се влече по асфалтот. Ќе ги загрозите перформансите, ќе ги оштетите пневматиците и ќе бидете опасност за себе и за другите. Најважно е тоа да не откаже при голема брзина.

Запомнете, оштетено предно крило кое се откачи беше причина за фаталната несреќа на Роланд Раценбергер во Сан Марино во 1994 година.

Луис Хамилтон го следеше Леклер кога голем дел од карбон фибер се откачи од предното крило на Леклер и излета во линијата на движење на Хамилтон, оштетувајќи го неговиот ретровизор.

Хакинен смета дека на крајот на денот, Формула 1 генерално имала среќа што немало посериозни последици.

Мислам дека имавме среќа во тој момент, кога делот целосно се откачи од болидот на Шарл и го оштети само болидот на Хамилтон.

Можеше да биде многу полошо. Уште еднаш сме потсетени зошто Хало уредот е толку важна безбедносна иницијатива. Лично, не го обвинувам Шарл што продолжи да вози. Тој истакна дека болидот не се однесува лошо, а и самиот не може да го види предното крило од кокпитот.

Сепак, Ферари можеа да го видат и не сум изненаден што ФИА им додели казна по трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ