Хакинен смета дека нема да им биде лесно на Мерцедес во Монако

Поранешниот двократен Формула 1 првак, Мика Хакинен, верува дека Ред Бул и Ферари ќе бидат сериозна закана за доминацијата на Мерцедес на трката во Монако следната недела.

“Сребрените стрели“ стигнаа до пет последователни 1-2 победи на првите пет трки од годианва и многумина веќе се прашуваат дали оваа нивна доминација ќе има крај во борбата за рекордна 6та последователна двојна шампионска титула.

Сепак, следна во календарот е тесната и преполна со кривини патека во Монте Карло каде секогаш се случува нешто непредвидено, а акинен смета дека младите Макс Верстапен и Шарл Лекелр може да ги намачат и предизвикаат Мерцедес.

следната трка е во монако која е многу различна од онаа во барселона, уникатна патека. ред бул победи таму лани, а ферари претходно, така што јасно е дека двете екипи гледаат шанса.

верстапен е човек со мисија, решен да биде првиот кој ќе ги победи мерцедес сезонава, а очекувам ред бул и хонда да бидат многу брзи во монако.

леклер е ушт еден кој ќе ги предизвика мерцедес на градската трка. тоа е негова домашна патека. годинава е брз на сите сесии, но имаше грешки и проблеми кои ги ограничија неговите резултати. ќе биде решен повеќе од било кога да го донесе црвеното ферари на чело на поредокот.

го имаме и себастијан фетел, четирикратен шампион со две победи од монако претходно и на него секако и секогаш мора да се смета. се соочи со критики во последно време, но лично верувам дека е способен да донесе победи за ферари сезоанва и да влезе во конкуренција за титула. има уште многу – напиша хакинен во својата колумна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ