Хакинен: Фетел не освои четири титули на сила

Двократниот Формула 1 првак, Мика Хакинен, смета дека Шарл Леклер учи вредни лекции во Ферари, а една е дека Себастијан Фетел не освоил четири титули на сила и со инаетење.

Во Русија сите видоа класичен пример на “стариот Фетел“ кој игнорира тимски наредби од Ферари откако го превзема водството од стартот, реално подпомогнат од својот колега.

во ферари постои тензија помеѓу возачите, а шарл учи вредни лекции од својот колега, вклучително и тоа дека себастијан не освои четири титули со инат и на сила.

споредено со мерцедес, ферари немаат толку совршена тимска работа помеѓу возачите и тоа им треба доколку сакаат константно да победуваат. внатрешните несогласувања никогаш не се добри – сметка хакинен.

Мика исто така потенцира дека неговиот сонародник, Валтери Ботас, е одличен пример за тимски играч, кој одработува со цел да се максимизира резултатот за екипата.

тимската работа одлично се виде во мерцедес затоа што работата на валтери беше да го брани второто место на шарл кој промени гуми и имаше одличен ритам. валтери совршено одработе, тој е одличен претекнувач, но и одлично се брани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ