Хамилтон: Безбедносното возило не ми ја подари победата

Луис Хамилтон изјави дека излегувањето на безбедносното возило на патеката не направило разлика во крајниот резултат на трката во Британија бидејќи секако бил на стратегија со едно застанување.

Тој уште од почетокот се обиде да го помине Ботас и да биде водечки. Финецот во 16от круг влезе да промени гуми и подоцна имаше уште едно застанување.

Хамилтон го продолжи првиот стинт и влезе четири круга подоцна кога се појави безбедносното возило. Тој доби хард гуми и не изгуби никакво време. До крајот на трката остана со истите гуми додека Ботас застана уште еднаш по софт гуми.

Јас бев на стратегија со едно застанување, а тој беше со две и затоа мислам дека немаше да има никаква разлика.Кога тој застана во 16от круг.

мојот план беше да напредувам што е можно повеќе во наредните кругови. Во тоа време тој не можеше да ме стигне бидејќи ја држев разликата.

Мислам дека излезе од боксот седум десетинки надвор од моето планирано време. Доколку извозев уште еден круг ќе бев зад него, Но мислам дека немаше да има разлика – анализира луис.

Хамилтон смета дека неговата стратегија била тешка бидејќи немале податоци за хард гумите.

Тие ни дадоа информации колку што беше можно и морав да најдам начин како да го поминам Ботас. Доколку не го поминев на патеката ќе беше потешко преку бокс.

Утрото решив дека мојот втор стинт ќе биде на хард гуми кои не ги возевме на тренингот. Требаше да стартувам и да чувам гуми, но уште од почетокот напаѓав.

На долга серија гумите на сите се трошеа многу. Сигурен сум ако ги видев податоците ќе го направев истото, но јас го направив спротивното. Ризикував се. Имавме одлична борба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ