Хамилтон ги предупреди ривалите: Не мислам да се повлечам

Луис Хамилтон е еден од најстарите возачи на Формула 1 гридот, но за жал на конкуренцијата, тој објави дека нема намера да се повлекува од спортот.

34-годишниот петкратен Формула 1 првак е на прагот од нова титула откако победи на 8 од првите 12 трки на овогодинешниот календар и има водство од 62 поени во возачкиот поредок. Само Роберт Кубица и Кими Раиконен се постари од него на гридот.

Актуелниот договор на британецот со Мерцедес истекува на крајот од следната година, но по победата на послендата трка откри дека не размислува да ги “обеси ракавиците“.

гледам многу спортови и гледам спортисти кои сум го гледал како помал како престнуваат со спорт и прават нешто друго. јасно е дека во мојот спорт јас сум еден од најстарите и знам дека не е исто да се има 22 години и да се има 34 години, но феноменално се чувствувам.

се присетив на моментот кога со мерцедес стигнавме до првата победа токму во унгарија во 2013 година, стануваме се посилни, голем дел од луѓето се исти од тогаш, така што ние се наоѓаме на неверојатно долго патешествит.

возбуден сум за тоа што следи и што можеме следно да направиме. искрено не знам кога ќе ми дојде желбата да престанам, но јас сакам и обожавам да возам. навистина сакам нови предизвици кои пристигнуваат секој викенд и “копањето“ во податоците за да се извлече нешто дополнително е одлично.

еден ден морам да престанам, но не сега затоа што физички се чувствувам фантастично, а и ментлано исто така. немам планови да се пензионирам наскоро.

имам уште многу работа, имам уште победи за осовјување и рекорди за рушење во и надвор од болидот во и надвор од спортот – изјави хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ