Хамилтон за Рикардо: Тоа не беше за казна

Луис Хамилтон ја критикуваше одлуката да се казни Даниел Рикардо за неговите две претекнувања во последниот круг над Ландо Норис и Кими Раиконен на Француското Гранд При поради кои доби казна од 10 секунди и не освои поени.

Рикардо ја напушти патеката при претекнувањето на Норис во шиканата, а исто така го избутка возачот на Мекларен во процесот, пред да премине преку белата линија повторно додека го претекнуваше Раиконен на правецот.

Австралијанецот ги истакна своите чувства за казната преку социјалните мрежи, велејќи притоа дека “некој морал да создаде забава“.

Хамилтон потоа се појави во одбрана на Рикардо, нешто што беше интересно земајќи го во предвид неговото мислење околу казната на Фетел во Монтреал, која тој смета дека германецот целосно ја заслужил.

Ова не е казна. Не може да го види болидот покрај него и му даде доволно простор, но беше пред него кога влезе во свиокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ