Хамилтон конечно кажа од кого најмногу се плаши

Луис Хамилтон верува дека неговиот колега Валтери Ботас е негова најголема закана по титулата оваа година.

Мерцедес ја започна сезоната очекувајќи Ферари да бидат водечки откако беа најдобри на предсезонските тестирања, но сепак Скудерија сеуште нема победено на трка во ситуација во која Мерцедес има 5 последователни 1-2 победи.

Мерцедес е 96 поени пред Ферари кај конструкторите, а актуелниот шампион смета дека Ботас е најголема закана. Хамилтон води 7 поени пред Ботас во шампионатот и има 3 победи споредено со 2 на Ботас.

Најголема закана е тој што е најблиску. Имаме простор со другите момци и дури и Ред Бул се подобрија со својот мотор, но не направија добар болид како претходните години. Ферари имаат сила, но им фали се друго.

Најблискиот е најголема закана бидејќи Валтери вози одлични кругови. ДОбро е за тимот и тој треба да ја добие позицијата која ја заслужува и добро е што тој станува подобар – смета луис.

Запрашан дали Мерцедес ќе победи на сите 21 трка од календарот, Хамилтон одговори:

Кој знае? Ние сигурно не очекуваме да победиме на сите трки, но тоа е охрабрувачки за сите. Сите работат напорно и тоа е одлично. Имаме одлична група на инженери и сите се сигурни. Разговаравме за подобрувања што треба да ги направиме. На нив не им смета критика. Тие не ја сфаќаат лично. Мислам дека сме најсилен тим и тоа е тешко да се уништи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ