Хамилтон: Мерцедес ги има најдобрите возачи

Луис Хамилтон смета дека Мерцедес го има најдобриот возачки тандем во Формула 1. Британецот изјави дека комбинацијата со него и Валтери Ботас е подобра од таа на Ферари.

Дефинитивно. Ова е најдобрата комбинација и нема подобар баланс помеѓу возачите – смета луис.

Овој коментар доаѓа по коментарите на Хамилтон за тоа кој е број 1 во Ферари и дека тоа не е добро за тимот. Во исто време Хамилтон признава дека е важно колегите да може да се победат како што тој своевремено ја изгуби титулата од Нико Розберг.

Секогаш е исто со вашиот колега, како и сега со Валтери. Тој сака да ме победи и јас сакам да го победам. Односот помеѓу нас е зрел. Тоа го немаше кога бевме помлади. Валтери и јас заедно работиме. ТОј станува се побрз и ми дава нова цел за да останам напред.

Хамилтон и Ботас се двајцата возачи кои се борат за титулата, а нивниот шеф Тото Волф изјави дека имаат еднакви шанси да се борат за титулата.

Валтери заостанува 64 поени? Тоа се само две и пол победи. Имаат исти шанси. Титулата ќе се одлучи на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ