Хамилтон: Мерцедес не би ризикувале со Леклер како Ферари

Луис Хамилтон вели дека Мерцедес не би го превзеле истиот ризик како што тоа го стори Ферари во квалификациите во Монако, што пак имаше негативен ефект над Шарл Леклер кој беше елиминиран во К1.

Стартувајќи од 15то место, Леклер имаше неколку импресивни маневри, но сето пропадна при контакт со Хулкенберг во Расказ, за по неколку кругови да се откаже од трката. Хамилтон стартуваше од пол позиција, а за грешката на Ферари го истакна следното:

Понекогаш се случува. Има минимално време за последна шанса. Ќе кажат ова време е толку и ќе предвидат дека патеката ќе се подобри за одреден степен.

Излегувате, возите круг, а тие ви велат дека сте безбедни. Мојот прв круг, ми рекоа дека сум безбеден, но можев да останам и да возам повеќе. Одлучив да останам на патеката и да го подобрам моето време, а патеката се подобруваше.

Во минатото сум бил во ситуација додека седам во гаражата и тимот ми вели дека сме на ивица и дека можеби ќе треба повторно да излеземе, или не. Ферари избраа да ризикуваат. Ние не превземаме такви ризици.

Комуникацијата е постојана. И соработката е многу важна.

Ние имаме одлични, одлични луѓе во тимот кои не прават грешки и испорачуваат на ветеното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ