Хамилтон: Мислам дека сум во најдобра форма

Ферари беа побрзо од очекувањата на Мерцедес и Луис Хамилтон на славната Спа Франкошамп, но “сребрените“ успејаа да се заканат кон крајот, иако тоа не беше премногу сериозно.

знаевме дека ќе биде тешко за нас на спа, а знаеме дека ќе биде така и во монца. ферари беа побрзи одошто очекувавме во белгија, но трката сепак беше одлучена на крајот. монца ќе биде уште помачно за нас – појасни актуелниот шампион.

И покрај поразот на првата трка по летната пауза, Хамилтон е задоволен од неговите перформанси оваа сезона.

искрено мислам дека сум во најдобра форма во животот. никогаш не сум бил толку константен и не сум имал толку добри трки во серија. болидот може да се подобри, а тимот работи одлично.

И покрај убедливоста, тој не смета дека неговата 6та шампионска титула е обезбедена иако има 65 поени предност во однос на својот колега.

не можам да зборувам за останатите, но јас никогаш не ги гледам поените. секогаш се обидувам да завршам колку што можам подобро на секоја трка, но одам еден по еден викенд.

во моментов титулата ми изгледа далеку. има уште многу трки до крајот и мислам дека се наоѓаме во тежок дел од сезоната. има многу трки и станува истоштувачки.

Сезонава тој има напади од млади и многу агресивни брзи возачи, Шарл Леклер со своето Ферари и Макс Верстапен на Ред Бул.

откако сум во формула 1 секогаш сум имал силни противници, но со текот на годините доаѓаат нови со различни карактеристики. сите се силни и сите сакаат да победат. годините минуваат и станува тешко да сте фокусиран цело време, но јас се обидувам да се тркам колку што можам повеќе иако има многу возачи со шампионски потенцијал.

Лидерот во поредокот кој има 34 години има уште цела година за одработување од договорот со Мерцедес.

сеуште имам цела сезона согласно тековниот договор што е чудно затоа што изгледа како вчера да потпишавме. има опции, но не сум почнал да разгледувам ништо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ