Хамилтон најдобар и според тимските шефови

Луис Хамилтон беше избран за најдобар возач според тимските шефови во годишното гласање организирано од италијански Autosport.

Традиционално, по крајот на сезоната, Autosport спроведе анкета во која ги прашува првите луѓе на тимовите да ги рангираат 10те најдобри возачи согласно нивните перформанси на патеката во текот на годината. Поените се даваат како и системот на бодување во Формула 1, односно 25 – 18 – 15 – 12 – 10 – 8 – 6 – 4 – 2 – 1.

Не е изненадување што Луис Хамилто и во таа анкета излезе на прво место, а зад него беше Макс Верстапен, кој собра повеќе поени од Себастијан Фетел, а следуваше Фернандо Алонсо.

Тимските шефови кои гласаа беа Тото Волф, Кристијан Хорнер, Сирил Абитебул, Гунтер Стаинер, зек Браун, Отмар Шафнауер, Фредерик Васур, Франц Тост и Клер Вилијамс.

  1. Луис Хамилтон 218 поени
  2. Макс Верстапен 139 поени
  3. Себастијан Фетел 105 поени
  4. Фернандо Алонсо 103 поени
  5. Даниел Рикардо 85 поени
  6. Шарл Леклер 71 поен
  7. Кими Раиконен 57 поени
  8. Валтери Ботас 38 поени
  9. Естебан Окон 27 поени
  10. Нико Розберг 21 поен

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ