Хамилтон: Не беше воопшто лесно

Гледачите на патеката и пред телевизиските екрани имаа здодевно Француско Гранд При, но побединкот Луис Хамилтон изјави дека воопшто не било лесно да стигне до највисокото место на подиумот.

Британецот и актуелен првак имаше совршен старт и победи со повеќе од 18 секунди предност пред својот колега за своја 6та победа и зголемување на водството во проедокот на 36 поени. Сепак, кон крајот на трката се плашел дека неговата гума ќе пукне и ќе му го уништи пласманот.

не беше воопшто лесно. секогаш нешто се случува, секогаш сме на работ. обие болиди како што знаете се работи на висока температура, а издржливоста е се.

имав два големи пликови на тркалата и бев по малку загрижен затоа што се присетив како лани на ленс строл од форс индија му експлодираше гумата. тоа ме испалаши – објасни луис.

Победата во Франција беше 79та за британецот во неговата кариера, а тој откри дека убавото чувство кога победува никогаш не го губи.

дефинитивно имавме одличен викенд. многу долго време се тркам, но возбудата од победа никогаш не престанала. секогаш е предизвик да излезам на патеката и да го најдам работ на перформансите, да направам предност, но ништо од тоа нема да биде возможно без совршената екипа.

момците на патеката и во фабриката прават историја и јас сум горд на сите до еден кои се членови на овој тим.

ова е одличен ден на југот од франција, навистина е многу топло и се препотувам, а болидот буквално гори.

всушност ова е неверојатна патека за возење и има многу силно технички области каде може да се направи предност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ