Хамилтон не ги послушал Мерцедес околу промената на гуми

Луис Хамилтон откри дека не ги послушал наредбите од Мерцедес за второ застанување во бокс кон крајот на Британското Гранд При.

Актуелниот првак стигна до својата рекордна 6та победа на Силверстон откако безбедносното возило му помогна да има “бесплатно“ менување гуми, да го превземе водството од Ботас и да биде недостижен до крајот на трката.

Двајцата возачи на “сребрените стрели“ имаа поделени стратегии, Ботас беше јасно дека ќе оди на две застанувања откако при првата промена доби медиум, додека Хамилтон доби хард и се надеваше со истите да ја заврши трката.

На крајот, Луис реши да не застанува по втор пат во гаража затоа што не сакаше никаков ризик, а и покрај тоа имаше доволна брзина

не сакав да ризикувам иако имав време да променам гуми, но има влез во боксот, застанување, менување, дополнителен притисок од механичарите, не дека се сомневам во некого, но секогаш постои шанса нешто да тргне наопаку.

имав доволно заштедено гуми, чувството на хард ми беше многу позитивно, можев да продолжам иако имав некои ситни меури, не не беше ништо страшно и немаше причина за промена.

доколку променев ќе бев многу поблиску до ботас, ќе имаше уште седум кругови и ќе беше тешко да ме стигне ботас, но решив да не превземам ризик. ретко одам против екипата, но денеска мислам дека ја направив најдобрата работа – смета хамилтон.

Тото Волф објасни дека една од причините поради која сакале да го повлечат Хамилтон и по втор пат да му променат гуми било за да го заштитат од евентуално второ безбедносно возило и рестарт по истото.

имавме интензивна дебата помеѓу нас во тимот, имавме “бесплатно“ менување кај него и нов сет софт за до крајот.

од гледна точка на возачот, секогаш е ризик да се менува гуми, но од гледна точка на податоците, немаше ништо да се промени, софт беше подобар и доколку излезеше ново безбедносно возило по што ќе бевме многу слаби на крајот од трката на потрошени хард гуми.

беше 50-50, а потоа го прашавме што мисли околу тоа, тој беше јасен и верувам дека го направи вистинскиои тизбор без да се грижи околу ситни пликови кои ги имаше. се на се, гумите одлично се дрижеа и на 7 кругови пред крајот беше исправно што остана на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ