Хамилтон не ги следи грешките на ривалите

Сред безгрешна сезона досега и со водство во првенството, Луис Хамилтон вели дека не се фокусира на грешките на Себастијан Фетел, наместо тоа, тој се обидува да избегне да направи грешки самиот.

На последната трка во Монтреал, викендот на Хамилтон започна со судар во свиокот број 9 во втората тренинг сесија. Тоа, беше неговата единствена грешка. Се квалификуваше на второ место и го притискаше Фетел во текот на целата трка.

Не знам, јас не посветувам толку внимание на тоа. Не се споредувам себе си со други луѓе и не ги следам грешките на другите.

Јас се гордеам со мојата работа и особено со историјата на избегнување грешки, што ме постави во позиција да правам минимални грешки во тркачките викенди.

Имав мала грешка на петочните сесии во Канада, но се вратив во саботните и до остатокот на викендот.

Во 21 трка секој поен е важен, се се дополнува и јас се гордеам со тоа. Се е одлично кога е брзо, кога имате брзи возачи, но ако сте севкупен возач, работите добро надвор од болидот, но и во болидот, тогаш имате нешто што другите го немаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ