Хамилтон: Не сакав вака да победам

Наследување на победата како резултат на казна кон ривалот можеби не беше начинот на кој Луис Хамилтон сакаше да стигне до победа на Канадското Гранд При, но возачот на Мерцедес беше прилично итар околу одлуката на стјуардите.

Хамилтон ја помина финиш линијата на второ место, но беше прогласен како победник откако Фетел ја доби казната од 5 секунди поради небезбедно враќање на патеката во свиокот 5.

Откако за малку беше избуткан кон ѕидот додека Фетел ја врати контролата над својот болид, Хамилтон првично го нарече потегот “опасен“ преку тимското радио, а стјуардите ја донесоа својата одлука кратко потоа.

Најпрвин, сакам да се заблагодарам на мојата екипа. Немаше да стојам тука без нив. Ова беше неверојатен потфат. Имавме проблем утринава со моторот, по мојот судар во петочните сесии. Доколку не беа толку вредни, јас немаше да имам можност да се тркам.

Нормално, апсолутно, ова не е начинот на кој сакав да победам. Притискав до крајот во обид да го претекнам. Го притиснав да направи грешка, тој отиде прешироко, јас продолжив во свиокот и за малку се удривме.

Штета е ова, но тоа е тркањето.

Јас продолжив нормално низ свиокот. Кога се враќате на патеката, не треба веднаш да се вратите на тркачката линија, треба безбедно да се вратите.

Без казната, немаше да го претекнам, не верувам. Сите се мачевме со температурата во сопирачките кон крајот на трката.

Пневматиците беа добри во тој момент кога тој ја направи грешката, а јас бев најблиску што можев. Откако бев блокиран, разликата се зголеми. Беше многу тешко да се следи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ