Хамилтон не се подобрувал во текот на квалификациите

Луис Хамилтон смета дека било се потешко да се извадат максимални перформанси на квалификациите во Силверстон откако брзината од неговиот Мерцедес В10 се намалувала во спроедба со брзината на болидот на Валтери Ботас.

Актуелниот првак пропушти пол позиција откако неговото време беше за само 6 илајдитинки побавно од она на колегата.

Петкратниот првак и петкратен победник на Силверстон се жалеше на стабилноста на задниот дел во Петок, во Сабота откри дека сетирањето било подобрено, но не успеа да дојде до нова пол позиција.

сетапот за трка беше најдобар. мислам дека вчера се мачевме со ритамот во еден летечки круг, се обидов да ја подобрам ситуацијата и вчера и денеска.

на утринската сесија пред квалификациите беше одлично како и на стартот од квалификациите, но брзината ја снемуваше како одминуваа квалификациите, слично како вчера.

имаше исто така ветер, но тркачкиот сетап сепак беше најдобар и не сакав да го поместувам значително денеска.

се надевам дека ќе ја покажеме силата на трка и ќе биде добро, но зависи на која позиција ќе бидеме, каков ќе биде ветерот и низ друго фактори – појасни хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ