Хамилтон: Не сме ние криви што трките се досадни

Луис Хамилтон изјави дека трките се здодевни, но за тоа не се виновни возачите, туку винате лежи во креаторите на правилата кои константно носат лоши одлуки. Тој доминираше на трката во Франција и победи со предност од 18 секунди во трка која благо речено беше досадна.

Ние не ги пишуваме правилата. Немаме ништо со парите и распределбата на наградите. Треба да се направи притисок на луѓето кои се главни и не си ја вршат работата. Мислам дека тие се обидуваат. Но веќе неколку години се носат само лоши одлуки – смета луис.

Британецот минатата трка имаше борба со Себастијан Фетел, но поради казна за германецот победата му припадна него.

Тоа се трки во кои фановите уживаат, Но вакви како Франција се досадни. Важно е да се сфати дека не е наша вина. Тоа е константен циклус во Формула 1 со години.

Тоа е поради начинот на кој Берни ја направил и одлуките што се донеле. Сеуште е исто и се додека не се смени структурата ќе биде исто. Тоа не е моја работа. Моја работа е да возам и да бидам најдобар.

Иако Хамилтон не прави ништо вештачко за спектаклот тој смета дека може да се направи разлика. Тој беше дел од тимот на возачи кој беа на состакот за новите правила во париз.

Дали ќе има голема разлика? Верувам дека да.

Бев на состанокот со сите шефови, ФИА и се обидов да се вмешам. Ништо не добивам од тоа. Тиа носат одлуки и никогаш не прашале некој возач. Ако тоа е пресвртна точка да се подобри тогаш ние треба да сме дел од тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ