Хамилтон: Не сум толку среќен со оваа титула

Луис Хамилтон истакна дека чувството на освојување на нова конструкторска титула за Мерцедес не е толку “среќно“ годинава како во претходните, по загубата на Ники Лауда.

Трикратниот шампион Лауда почина годинава, оставајќи празнина во тимот каде играше клучна улога покрај Тото Волф во менаџирањето на екипата.

Но, иако рекордот е причина секој во Мерцедес да биде горд, Хамилтон вели дека сјајот на успехот во 2019 година го нема.

Дефинитивно чувството е поинакво. Очигледно, не е среќно како порано, бидејќи го загубивме Ники и не е исто без него. Многу, многу сум горд на тимот. Многу сум горд на сите во фабриката и знам дека Ники ќе симнеше капа за денешниот резултат.

Му должиме многу нему и оваа победа е за него. Мислам дека целиот тим и сите во Мерцедес ќе го посветат ова на Ники. Јас сигурно. Многу, многу сум горд што сум дел од ова, дел од ова патешествие, но беше тешка, тешка година за нас.

Секој пат кога ќе влезев во гаражата го гледав Ники со слушалките. Денес седнав пред да влезам во болидот и помислив на тоа. Тој ќе беше горд, неговото семејство исто така. Тимот треба да биде горд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ