Хамилтон: Обратен грид е оправдување за погрешни одлуки во 2021

Луис Хамилтон е загрижен дека експериментите на Формула 1 како обратен грид се оправдување за недоволно добро завршена работа околу правилата за 2021 година.

Одговорните во Формула 1 размислуваат за проба на квалификациска трка во Сабота на неколку тркачки викенди следната година, каде гридот би бил поставен во обратен распоред според пласманот, а финишот би ги одлучил стартните позиции за самата трка.

Ова доведе до критики кај некои возачи, иако сеуште не е јасно дали нивната позиција е до самата идеја. Хамилтон беше вокален со своите критики околу правилата за 2021 година од самиот почеток на сезоната, пред возачите да учествуваат во состаноците околу новите правила.

Имав грижа порано и сеуште имам грижа.

Фактот што размислуваат околу обратен грид ми изгледа како оправдување што не завршиле доволно добра работа со одлуките.

Зошто ги прават болидите потешки? Нема причина, не е побезбедно, не е подобро за тркањето.

Мојата поента е сеуште иста, Сеуште сум загрижен. Тоа нема да се промени по последните состаноци на кои присуствував.

Запрашан од Motorsport.com дали има смисла што Ф1 размислува околу обратен грид на неколку трки следната година и дека истиот ќе ги оживее трките, Хамилтон го истакна следното:

Промените кои ги направија во последните неколку години не беа многу ефективни, така што изгледа не се доволно самоуверени во нивните одлуки.

Не знам. Тоа не е лесна работа. Има многу инволвирани лица при донесувањето на одлука. Ние возачите се обидуваме да имаме поголемо влијание и поголема улога за да им помогнеме да донесат подобра одлука, но тоа изгледа не прави голема разлика.

Не ја гледам поентата во потешки болиди. Ќе бидеме побавни. Зошто Формула 1 сака да биде побавна? Треба да се движиме напред со технологијата и иновациите, треба да бидеме побрзи.

Се движиме кон полоши пневматици, потешки болиди, побавни сме … кога им го кажувате тоа, тие не го разбираат. повеќето од нив никогаш не се тркале или пак биле во Формула 1 болид. Но така е од секогаш – вели Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ