Хамилтон призна: И јас би го направил истото како Себ

Луис Хамилтон откри дека би направил исто како и Себастијан Фетел доколку нивните позиции при инцидентот во Канада биле променети.

Германецот од Ферари доби казна од 5 секунди од страна на стјуардите за небезбедно приклучување на патеката откако мина низ тревата на 4та кривина. Тоа значеше дека иако Фетел победи на трката, официјален победник е Луис Хамилтон.

ги гледав забавените снимки и јасно е дека беше многу блиску. ако јас водев и направев таква грешка, ќе го направев истото кое го направи и себ. се се случи многу брзо и само се обидувате да си ја задржите позицијата. кога велам дека би го направил истото велам дека и јас би го стиснал до оградата.

тоа се случи денеска. моето мислење е непроменето, правилата се такви и мора да се почитуваат. ако јас продолжев нормално, ќе се судревме и никој немаше да заврши трка – смета хамилтон.

Запрашан да ги прокоментира коментарите преку тимското радио кога изјави дека Себастијан се вратил небезбедно на патеката, британецот изјави дека стои на тоа.

обично првиот инстинкт е исправен. кога ги гледав снимките и моите податоци, видов дека морав да кочам на 4та кривина. ако не го направев тоа ќе се удревме и моето мислење во врска со тоа не е променето.

од возачка гледна точка знаете како е, целосно различно одошто како гледач. како возач, ако погрешите се обидувате да го притиснете другиот за да не си ја загубите позицијата. тоа е природен инстинкт, секако дека нема да се тргнете и да дадете простор.

тој навистина ме блокираше, н правилата се такви и казната е оправдана.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ