Хамилтон: Ред Бул се доближуваат до Мерцедес

Луис Хамилтон вели дека Ред Бул имаат напредок со кој ја намалуваат разликата во перформанси кон Мерцедес, особено со резултатите на Макс Верстапен.

Откако преминаа на мотори на Хонда на почетокот на годината, по успешен почеток со јапонскиот производител, напорот на Ред Бул е воден од Верстапен со 2 победи и пол позиција, како и подиум во последните четири трки пред летната пауза.

Хамилтон го пофали Верстапен и Ред Бул, но во исто време е свесен дека неговиот ривал се доближува до Мерцедес.

Времето ќе покаже. Мислам дека тој заврши добра работа и тие очигледно постигнаа многу во последните неколку трки. Сепак, мислам дека ние треба да се фокусираме на себе и да не се занесеме со останатите.

Мислам дека беа брзи во Унгарија и ќе има трки како Сингапур каде најверојатно ќе бидат силни, но севкупно, полека, тие не стигнуваат.

Полесно е да надоместите, наместо да се одржувате на чело, да бидете лидер во повеќе различни аспекти. Но одлично е што тие напредуваат.

Сакаме конкуренција и ќе бидеме подготвени за битка во било како случај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ