Хамилтон сака поблиски дуели со Верстапен и Леклер

Луис Хамилтон вели дека е импресиониран од младите возачи Макс Верстапен и Шарл Леклер и се надева дека ќе ужива во уште поблиски дуели со нив во иднина.

Иако британецот имаше битки со нив на патеката, ниту еден од нив нема доволно силен болид за да биде постојан предизвик за Хамилтон во првенството.

Овој податок се промени во последните неколку трки во случајот на Макс Верстапен, кој победи два пати на последните 4 трки и имаше одлична битка со Хамилтон во Унгарија.

Сведоци сме на голем чекор од страна на Ред Бул. Тие навистина скокнаа напред со моторот на Хонда годинава и тоа е одлично да се следи. Тие ќе бидат се посилни, а Макс е природно … тој не е веќе млад возач во спортот. Иако е млад по возраст, тој е дел од спортот веќе неколку години.

Шарл е во само својата втора сезона, тој порасна и очекувам да стане само подобар и посилен, а веќе видовме и одлични перформанси од него годинава и тој дефинитивно треба да се следи во иднина.

Дали Ферари ќе се подобрат, не знам. Моментално формата им е горе-долу, минатата година беше прилично блиску помеѓу нас тројца, а мислам дека Ферари беа побрзи.

Се надевам дека ќе биде потесно и се надевам ќе станува потесно се повеќе до крајот на годината. Јас секогаш ќе бидам подготвен за тие дуели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ