Хамилтон сака Ред Бул и Ферари да продолжат да го предизвикуваат

Луис Хамилтон сака силни борби за победи со неговите ривали од Ред Бул и Ферари до крајот на оваа тркачка сезона. Британецот има голема предност во возачкиот поредок поради фантастичниот старт на тимот, на последните неколку трки “сребрените“ се далеку од доминантни.

Шарл Леклер победи на последните две трки откако освои и пол позиција, а претходно Макс Верстапен имаше две победи на последните четири трки во пресрет на летната пауза.

не мислам на кого ќе одговараат патеките кои следуваат до крајот на календарот туку сум насочен кон следната трка и сакам таму да победам.

следната недела одам во фабриката да минам низ некои процедури со надеж дека ќе го подобриме болидот и методот на работа во текот на тркачкиот викенд. сакам да бидеме подобри уште на следната трка, а ако конкурентите се на наше ниво ќе биде уште подобро.

се надевам на силни ред бул и ферари кои ќе не предизвикаат затоа што лично сакам борбата да продолжи и повеќе можности за “војна“ со нив е одлично – посакува хамилтон.

Мерцедес имаат очигледна предност на побавните патеки кои бараат повее потисна сила годинава, Ферари доминираат на брзите автодроми и долги правци, а Ред Бул се повеќ есе подобрува. Следува Сингапур каде “биковите“ очекуваат многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ