Хамилтон: Сеуште ја чувствувам како прва победа

Луис Хамилтон вели дека чувството од победата на својата домашна трка никогаш нема да згасне откако стигна до рекордна шеста победа на Британското Гранд При.

Откако на почетокот беше на втората позиција, британецот го искористи периодот на безбедносното возило предизвикано од излетувањето на Антонио Џиовинаци, влезе во боксот и ја заврши трката со стратегија од едно влегување, додека Ботас мораше да влезе во два наврати.

Покрај победата, Хамилтон го постигна и најбрзиот круг, што се наградува со дополнителен 1 поен во пласманот.

Не можам да изразам колку сум горд што сум тука. Понекогаш изгледа дека се навикнуваме, но чувството е секогаш како да се прва победа.

Не можев да го постигнам овој резултат беЗ овие луѓе, фановите и мојот тим. Поради сите во фабриката и сите кои не поддржуваат.

Ми значат премногу и сум премногу горд што сум дел од ова.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ